|
Праќаме лоши сигнали за инвеститорите
Додека во разните кампањи за промоција на државата како добра инвестициска дестинација нашите министри и амбасадори промовираа владеење на мир и стабилност, за само неколку дена настана серија на инциденти кои драматично ја менуваат таа слика. Да не заборавиме дека странските држави кои се дом на оние компании и банки кои ние сакаме да ги видиме како инвеститори кај нас, имаат свои претставници во Македонија преку кои од прва рака слушаат за нашата реалност. Огромните последици од неразумните предизборни инциденти, директно ја намалуваат можноста за зголемување на странските директни инвестиции. Да не ги споменувам последиците врз општата меѓународна позиција на државата
Повеќе...
|
|
|