Не беше потребно многу време корпорациските скандали кои минатите неколку години ја потресоа Америка да се префрлат и во Европа. Изгледа дека лагите со кои се служеа повеќе американски компании како на пример Енрон, не е нешто што е карактеристично само за САД, бидејќи набрзо вакви појави се забележаа и во Европа.
Само две години по избивањето на аферата Енрон во Европа изби аферата Пармалат.
Скандалот кој ја доведе оваа компанија, во која работат 36.000 лица, до самиот раб е само вовед во други малверзации кои избија на површина.
На почетокот на 2004 година се појавија на површина и во Адеко, една од најголемите светски компании кои пружаат услуги на вработени лица на кратог период. Кога од компанијата изјавија дека до крајот на 6 фебруари нема да можат да ги објават резултатите од работењето во 2003 година заради материјални недостатоци во внатрешната контрола на американските претставништва, многумина сметаа дека треба да се продаваат акциите. Тоа предизвика пад на акциите на Адеко на светската берза за 35 %, а на компанијата & се намали пазарната вредност за 4,5 милијарди долари.
Дека нешто не е во ред се забележуваше и од големата таинственост на службениците на Адеко кои не сакаа да даваат никакви информации.
Енрон-Ахолд-Адеко
Умерените аналитичари сметаат дека проблемот е најверојатно во техничките тешкотии кои се предизвикани од новите сметковотствени правила во САД, кои бараат од ревизорот да докаже дека компанијата има правилна контрола. Според други, пак, компанијата си создала проблеми со купувањето на Олсен Корпорацијата во март 2000 година за1,5 милијарди долари.
Се шпекулира дека по ова во компанијата Адеко почнале однапред да ја книжат продажбата и заработувачката. Се работи за тренд кој најверојатно го практикуваат повеќе компании. Слична беше и ситуацијата со Енрон, а пред една година со ист скандал се соочи и Ахолд, трета по големина трговска компанија.
Гревовите на ревизорите
Според други аналитичари проблемот всушност започнал многу порано, кога раководството на компанијата се обидело да наметне европски начин на работење, но во американски услови, како на пример брзо отварање на свои подрачни претставништва, ниска профитна мрежа и жестока побарувачка по помали клиенти. Тоа придонесе Адеко да ги изгуби поголемите клиенти, кои сметаа дека Адеко не одговара на нивните комплексни потреби.
Стана особено интригантно кога се дозна дека ревизијата во Адеко ја правела Артур Андерсон, истата ревизорска куќа, која врашаше ревизија во Енрон, компанија која пропадна.
Промената на ревизорите очигледно е пресвртна точка по која избиваат финансиски скандали.
Првите луѓе на Пармалат уредно “переле” пари, додека нивните ревизори Грант Тортон седеа во иста зграда со нив, без ни малку да бидат свесни за тоа што се случува. Дури, кога заради италијанскиот закон Пармалат во 1999 година беше присилен да го смени ревизорот, првите луѓе на компанијата станаа многу агилни во прикривање на податоците и за три години направија голем пропуст при што на име на оф-шорт фондот Епицурум пренесоа пола милијарда евра. Тоа предизвика сомнеж дека нешто не е во ред во Пармалат. Се покажа дека сомневањата се во вистинска насока, а компанијата доживеа најголема афера во 2003 година.
Колку нафта имаме?
Во сенката на Пармалат се криеше еден иако многу мал, корпорациски скандал кој се појави во феруари истата година. Тогаш излезе на површина дека претставништвото на американската трговска дива во Холандија Royal Ahold ја преценила својата добивка ни помалку ни повеќе туку за 1,27 милијарди долари.
Ахолд кои се рекламираше под слоганот “специјалист за храна”, сега се соочува со предизвикот како да се извлече од тужбата која против компанијата ја поднесоа холандските акционери. Тие бараат поништување на резултатите од ревизијата за периодот од 1998 до 2002 година и компензација на загубите кои ги доживеале по објавувањето на резултатите, кога вредноста на акциите падна за 75%.
Се смета дека управата не дала доволно информации за случувањето кои доведоа до проневера во американското претставништво во Холандија.
Во прилог на ова се додава и фактот што практично по оваа афера беа отпуштени само два менаџера, а раководителот на претставништвото Џим Милер откако поднесе оставка, продолжи да работи како советник на неговиот наследник и тоа без никаква парична надокнада.
Во октомври минатата година беа објавени ревидирани резултати за работењето за 2002 година, во кои е прикажана загуба од 1,21 милијарда евра.
По ова следеше најавата од Royal Dutch Shel,l втората по големина светска нафтена комапнија која ги шокираше своите акционери со најавата дека нема да ја исполни ветената количина на нафтени резерви, туку таа ќе изнесува 20% помалку. Како резултат на овие најави следеше пад на вредноста на акциите на берзата, а компанијата изгуби 4,3 милијарди од вредноста. Резервите се показател за стабилноста на компаниите и тоа влијае во голема мерка на нивната пазарна вредност.
Шел наместо да бара нови извори, ги ревидираше капацитетите на нафтените полиња, од кои повеќето се наоѓаат во Австралија и Нигерија.
Компанијата рекатегоризира 2,7 милиони барели нафта и 1,2 милијарда барели плин, кои се доволно за потребите на светот за еден месец. Акционерите бараат оставка на председателот сер Филип Ватс, кои раководеше и со оделот за истражување и производство, а не се појавуваше на состанок со инвеститорите. Покрај тоа што ваквиот потег нема големо влијание за иднината на компанијата, тоа го покажува трендот кој почна да се шири меѓу големите компании.
Американски врски
Изгледа дека она што почна во САД доби епидемиски размери и во Европа.
Не е воопшто случајно што првите европски претпријатија кои западнаа во невољи, почетокот на истите ги најдоа токму во Америка. И Ахолд и Адеко имаат проблеми токму со своите американски претставништва. Априорното книжење и апроксимативното одредување на резултатите се само дел од приказната. Другиот дел лежи во резизорските куќи кои очигледно премногу благонаклоно делуваат спрема своите клиенти. Како поинаку да се објасни дека скоро пет години ревизорите не успеале да ги откријат малверзации во Пармалат или, пак, дека акционерите на Ахолд бараат поништување на резултатите од ревизиите во изминатите 5 години.
По сe изгледа дека крутиот американски капитализам, симболизиран преку Енрон, како вирус се пренесе на европските компании кои бараат реализација на своите интереси во САД.