ball valve Timberland Boots PVC Vinyl Floorcovering christian louboutin nfl jerseys gucci handbags juicy couture outlet Nfl jerseys jordan shoes ffxi gil Wholesale NFL Jerseys Cheap NFL Jerseys NFL Football Jerseys NFL Football Jerseys Cheap Nfl Jerseys gucci handbags air jordan shoes Replica Watches ugg boots iPad Video Converter cheap air jordan

| Најава  
        среда, 08 септември 2010  
   Дома       Маркетинг       Редакција       Анкета   

 
pdf (329KB)
Насловна
Уводник
Економија
Политика
Интервју
Балкан
Трендови
Светска економија
Отворена
Пазар на работна сила
Фељтони
Европска унија
Менаџмент

СПЕЦИЈАЛНИ ПРИЛОЗИ
   
Капитал, број 222
 Архива   Најново издание    


     

Извештај на ЕУ за Западен Балкан
Западниот Балкан е заглавен во транзицијата!
Нема напредок кај големите приватизации, реформите на јавната администрација и управувањето со јавните финансии, како и пристапот за финансирање на малите и средните претпријатија

Во Извештајот на Европската Комисијата,
Извештајот за “ Западниот Балкан во транзиција” е подготвен од главниот директорат на Европската комисија за економски и финансиски работи. Како и претходните години,                                  “ “Западниот Балкан во транзиција” дава преглед на макроекономскиот и структурниот развој на земјите од регионот. Земјите од регионот имаат само мали разлики во развојот и животниот стандард. Хрватска е над просекот на останатите четири земји.
посветен на развојот на Западен Балкан (Хрватска, БиХ, СЦГ Албанија и Македонија) неодамна издаден во јавноста се вели дека земјите од Западен Балкан постигнаа уште една година на добри економски остварувања. Раст на БДП проценет малку над 4% и инфлација под 5% во 2003.

Експертите од Брисел заклучиле дека јавните финансии на земјите од Западен Балкан го одржаа позитивниот тренд на фискална консолидација, забележувајќи проценет просечен регионален дефицит од околу 4% од БДП.

Надворешните нерамнотежи остануваат присутни во сите земји од овој регион. Просечен тековен дефицит од околу 8% од БДП.

Според проценките во 2003 година, Странски Директни Инвестиции (СДИ) во Западниот Балкан ја достигнаа вредноста од 3 милијарди евра, што е еквивалентно на околу 130 евра на глава по жител (пер капита) или 5,4% од регионалниот БДП, со Хрватска на врвот.

Земјите од регионот направија чекор напред во процесот на реформирање кон преминување кон пазарната економија, особено во доменот на приватизацијата на мали и средни претпријатија и либерализацијата на надворешнотрговската размена. “Се уште е потребен забележителен напредок во областа на големите приватизации, реформите на јавната администрација и управувањето со јавните финансии, пристап за финансирање на малите и средните претпријатија, владеењето на Законот, воспостваувањето на транспарентни законски рамки и промоција на поволна бизнис клима”, се вели во Извештајот на Комисијата во Брисел.

Други побитни моменти во Извештајот
Значителен прогрес е направен во областа на приватизација на малите и средни претпријатија, кој е во својата завршна фаза во најголемиот број на земји и продолжува да се спроведува со брзо темпо во Србија и Црна Гора. Друга област каде исто така е постигнат значаен напредок е либерализацијата на надворешнотрговската размена.

“Почитувањето на владеењето на Законот и поставувањето на транспарентната легална рамка и нејзиното зајакнување остануваат главните услови за воспоставувањето на поволна бизнис клима. Реформите на катастарот и јасното дефинирање на правата на сопственост на земјиштето сe уште е неразрешена тема во најголемиот дел од земјите во регионот.

Односот на земјите од Западниот Балкан со Европската Унија се подобрува во рамките на Пактот за стабилизација и асоцијација. Помошта на Европската комисија под закрила на CARDS го поддржува процесот за стабилизација и асоцијација особено преку изградба на институциите и повторно приближување кон или тело на Законот.

Се очекува Европската комисија да одобри околу пет милијарди евра во периодот од 2005 до 2006 година. Како додаток, макрофинансиската помош на Европската комисија ја финансира и неопходната потреба за извршување на плаќањата и ги поддржува реформите на програмите на ММФ.

Процесот на стабилизација и структурни реформи беше исто така поддржуван и од меѓународните финансиски институции преку макроекономска поддршка и техничка помош. Програмите на ММФ моментално се спроведуваат во сите земји од регионот.


Слични статии:

“Капитал” истражува: Македонскиот пазар станува интересен за светските нафташи
“Лукоил” влегува во Македонија преку Нико - Петрол!?

Кој ќе биде нов гувернер на НБМ
Политички игри околу изборот на нов гувернер

Владата го реформира Заводот за статистика:
Скандалозни смени за “чудни” економски индикатори!?!

Новиот менаџмент на НПК тврди:
НПК ќе го направиме регионален процесинг центар

“Аурора” го промовира Берово како воздушен коридор на Балканот
“Нудиме проект за кој државата не покажува никакво чувство”

По неправилностите во работењето на Пармалат, Шел и Адеко
Вирус на преценувањето на резултатите и во Европа
   


 
Моментално посетители: 25
 Вкупно посетители: 5550199

               
  Пребарај

© 2007 Капитал, сите права се задржани