ball valve Timberland Boots PVC Vinyl Floorcovering christian louboutin nfl jerseys gucci handbags juicy couture outlet Nfl jerseys jordan shoes ffxi gil Wholesale NFL Jerseys Cheap NFL Jerseys NFL Football Jerseys NFL Football Jerseys Cheap Nfl Jerseys gucci handbags air jordan shoes Replica Watches ugg boots iPad Video Converter cheap air jordan

| Најава  
        среда, 08 септември 2010  
   Дома       Маркетинг       Редакција       Анкета   

 
pdf (329KB)
Stand by
Тема на број
Економија и политика
Бизнис и политика
Проект "ЈУГОСВЕРА"
Интервју
Exclusive
INVESTOR
Компаниите во криза - што сега?
Колумна
Комуникации
Патот до успехот
Приказни од Wall street
Cotrugli business school
Што правите бре?
Технологии и бизнис
Мобилна телефонија

СПЕЦИЈАЛНИ ПРИЛОЗИ
   
Капитал, број 518
 Архива   Најново издание    


     

КХВ ќе ги обелодени незаконитостите на Вардар осигурување?
КХВ ги вади "валканите алишта" на Вардар осигурување на површина
Зголемувањето на капиталот на Вардар осигурување поради усогласување со Законот за супервизија на осигурувањето, повторно предизвикува скандали. Дури и по конечното завршување на процесот на докапитализација, Комисијата за хартии од вредност повторно објави неправилности во работењето на ова друштво. Од Комисијата објавија дека јавно ќе ги обелоденат незаконитостите кои ги има направено Вардар осигурување во постапката за издавање на втора емисија на долгорочни хартии од вредност.   
Според наодите на КХВ, друштвото врз основа на неконечно решение ја евидентирало втората емисија на акции, прво во Централниот регистар, а потоа и во Централниот депозитар за хартии од вредност. Со тоа ги повредило одредбите на Законот за хартии од вредност, според кои хартиите од вредност се уплатуваат во рок од 15 календарски дена од конечноста на решението.
Од КХВ информираат дека поради предвремено евидентирање на емисијата, го санкционирале и Централниот депозитар за хартии од вредност, со мерката-јавно објавување на утврдената неправилност во работењето на ЦДХВ.
Инаку, Вардар осигурување го проби законскиот рок за зголемување на основниот капитал на друштвото и доцнеше со процесот на докапитализација (кој требаше да заврши до почетокот на 2009 година) половина година. Во јуни годинава конечно ја заврши целата постапка и го зголеми основниот капитал од 750.000 евра на три милиони евра, колку што е законскиот цензус согласно Законот за супервизија на осигурувањето, а е потребен за вршење на сите класи на неживотно осигурување. Како резултат на внатрекомпаниските проблеми и нивната рефлексија врз работењето на компанијата, Министерството за финансии не му ја обнови лиценцата на генералниот директор Стојан Клопчевски. Сега Вардар осигурување има нов генерален директор, тоа е Трајче Латиновски. 
Измените во Законот за супервизија на осигурувањето беа донесени во 2007 година. Како што лани тврдеа неофицијални извори од Вардар, проблемот во докапитализацијата на друштвото се јавил во постапката на издавање нови хартии од вредност, која се спроведува согласно Законот за хартии од вредност, кој во јули 2008 година исто така претрпе промени. Тие промени кои налагаат новите емисии-акции на друштвата издадени по пат на приватна понуда да се вршат по последната пазарна цена на акциите, а не по нивната номинална вредност, всушност создадоа проблем, затоа што во тој момент последната пазарна цена на акцијата на Вардар беше 2.500 евра. Толку колку што чинеа акциите на Вардар непосредно пред неговата продажба.


Слични статии:

Металуршкиот сектор ничкосан од кризата
Заздравувањето ќе оди бавно

АД Европа се пробива во големите европски трговски синџири
Чоко-бананите на полиците во Лидл и Метро

Лидер
Вагит Алекперов

Агњешка Соларж Једрих од Секторот за односи со инвеститори BRE BankВаршава, Полска
Не ги лажете инвеститорите дури и да треба да им соопштите лоши вести!


FinCity

ХДЗ ги чисти сопствените редови
Директорска метла во најголемите хрватски компании


Регион вести
   


 
Моментално посетители: 22
 Вкупно посетители: 5550208

               
  Пребарај

© 2007 Капитал, сите права се задржани