|
Земјоделците чекаат пари, политичарите гласови
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ветуваат по 100 милиони евра во земјоделството
Од земјоделство во Македонија живеат повеќе од 50 илјади семејства кои се занимаваат со одгледување стока или обработка на земјоделски површини. Самите произведуваме дури 90% од храната што ја јадеме и сепак имаме дефицит од околу 16 милиони евра во трговијата со земјоделски производи со странство. Вистината е дека во изминативе 15 години ниту една партија не посветила внимание на реформирање на земјоделството како суштински сектор. Ако се знае дека земјоделството учествува со 9% или 350 милиони евра во нашето вкупно годишно производство на стоки и услуги (БДП), не е тешко да се заклучи дека сите досегашни влади имале несериозен и потценувачки однос кон овој сектор. И пред овие избори партиите ги тешат земјоделците дека конечно земјоделството ќе го добие своето место во нивните политики. “Капитал” истржуваше што двете најголеми македонски партии им ветуваат на земјоделците на овие избори?
Повеќе...
|
|
|