ball valve Timberland Boots PVC Vinyl Floorcovering christian louboutin nfl jerseys gucci handbags juicy couture outlet Nfl jerseys jordan shoes ffxi gil Wholesale NFL Jerseys Cheap NFL Jerseys NFL Football Jerseys NFL Football Jerseys Cheap Nfl Jerseys gucci handbags air jordan shoes Replica Watches ugg boots iPad Video Converter Cheap SB Dunks

| Најава  
        сабота, 11 септември 2010  
   Дома       Маркетинг       Редакција       Анкета   

 
pdf (329KB)
Stand by
Тема на број
Економија и политика
Бизнис и политика
Проект "ЈУГОСВЕРА"
Интервју
Exclusive
INVESTOR
Компаниите во криза - што сега?
Колумна
Комуникации
Патот до успехот
Приказни од Wall street
Cotrugli business school
Што правите бре?
Технологии и бизнис
Мобилна телефонија

СПЕЦИЈАЛНИ ПРИЛОЗИ
   
Капитал, број 518
 Архива   Најново издание    


     

АД Европа се пробива во големите европски трговски синџири
Чоко-бананите на полиците во Лидл и Метро 
Скопската фабрика за кондиторски производи прилично стабилно ја поднесува рецесијата, со производство кое е во рамките на ланското, а во меѓувреме се склучуваат нови договори со странски партнери

Игор Петровски
igor@kapital.com.mk  

Наскоро и француските потрошувачи ќе ги пробаат популарните чоколадни банани на Европа, преку нивната компанија Патрел, за која што скопската фабрика за кондиторски производи веќе ја подготви првата пратка на овој десерт. Ова е реализација на уште еден договор за нарачки кои што се пласираат под етикетите на приватни трговски марки, односно големи синџири на супермаркети во Македонија и на надворешните пазари. Европа веќе подолго време има таква практика со Гетро од Хрватска, Хамлет од Белгија и македонските трговци Тинекс и Кола компани.
“Преговорите се веќе завршени и со супермаркетите на германските синџири Лидл и Метро во Хрватска, ги почнавме подготовките и за исполнување на нивните нарачки”, вели Савка Димитрова, генерална директорка на АД Европа.
Компанијата извезува околу 70% од своето производство, што бара континуирано следење на потребите на странските купувачи, во сегмент на производи за кои побарувачката знае да се однесува и многу непредвидливо.

Савка Димитрова
генерална директорка на АД Европа
“Преговорите со супермаркетите на германските синџири Лидл и Метро во Хрватска се веќе завршени, па ги почнавме подготовките и за исполнување на нивните нарачки”
“Тоа знае да создава и проблеми околу планирањето на производството и залихите, затоа што ова се прехранбени производи кои што и покрај рокот на траење што е обично 12 месеци, најдобро е што побрзо да се конзумираат”, вели Димитрова. Таа додава дека настојуваат да ја зголемат продажбата на домашниот пазар, што и се случува во последниве година до година и половина, затоа што, според неа условите за работа на домашен пазар, за ваков тип на индустрија се поповолни.
“Кога продавате производи на далечина од 1.000-2.000 километри, никој нема да има разбирање дека треба да ја зголемите цената заради вашите поголеми трошоци. Освен тоа, домашните производители на тие пазари секогаш имаат заштита од државата со разни нецарински бариери, па е уште потешко да се влезе таму”, објаснува Димитрова.

Кризата ги одложи новите инвестиции
Од досегашните резултати во 2009 година, во Европа најверојатно ќе ја завршат годинава со истата количина на производство како и минатата година, со оглед дека кризата го спречи планираниот пораст. За изминатите осум месеци реализацијата е 3.000 тони кондиторски производи и приход од околу 7,5 милиони евра, а во првите месеци од годинава потфрлување во производството имало заради кризата со гасот. Исто така, кризата го спречила зголемувањето на цените од 5% до 7% што го планирале во компанијата на почетокот од годинава, заради претходното поскапување на суровините што се речиси целосно од увоз. Ова одложување на поскапувањето на производите на Европа, според Димитрова, е всушност најзначајната реакција што ја имале на рецесијата, покрај тенденцијата за намалување на трошоците, секаде каде што тоа е можно.
Годинава, во поглед на инвестициите акцент бил ставен на заокружувањето на НАССР системот, за чија што сертификација и имплементација, биле вложени дополнителни 300 илјади евра за подобрување на инфраструктурата на фабриката.
“Кризата не натера да се воздржиме од нови инвестиции што ги планиравме во делот на опрема за пакување. Кризата имаше лош психолошки ефект. Стравот од она што може да се случи не натера да ги одложиме тие инвестиции, отколку реалната неможност истите да ги реализираме”, вели Димитрова.

Мента-бонбоните станаа бренд
Инаку, АД Европа во меѓувреме ги реновираше речиси сите свои продавници во Македонија, а отвори уште неколку нови. На среден рок во АД Европа планираат збогатување на чоколадната програма со нови десерти.
Во моментов, како група на производи најпродавани се вафлите, а како поединечен артикл, финансиски најуспешен е крем-бананата, а количински мента-бонбоните, кои што, како што вели Димитрова, станаа бренд, не само во Македонија, туку и во Србија, Хрватска и Босна.
“Крем-бананата насекаде е популарна. Божиќните стапчиња се најбарани во Западна Европа, особено Франција, Белгија и Холандија”, вели директорката на Европа. Покрај во споменатите земји, фабриката ги извезува своите производи на сите останати пазари од поранешна Југославија, САД и Австралија.
Во АД Европа истакнуваат дека најбитно за нив е да го задржат постојниот квалитет на производите и да не форсираат по секоја цена промоција на нови десерти, само затоа што се тие најнов тренд, како на пример, црната чоколада, која се почесто ја нудат регионалните производители и тоа во полуксузни пакувања.
“Реално, вкусот на македонската популација не е да јаде чоколадо со 80% до 90% какао, како кога јадеме тулумби и баклави. Можеби некој од северна Европа претпочита горчливо чоколадо затоа што е поздраво, кое сега е во тренд и слично, но тоа се сосема различни вкусови и навики. Ние направивме приоритет врз продавниците, ги направивме полуксузни, посредени и преку нив да сакаме да ги запознаеме купувачите со нашите производи, за кои што заради менталитетот дека се што доаѓа од надвор е подобро од нашето, многу често не се ни свесни какви се производи прави Европа”, вели Димитрова.


Слични статии:

Металуршкиот сектор ничкосан од кризата
Заздравувањето ќе оди бавно

Лидер
Вагит Алекперов


КХВ ќе ги обелодени незаконитостите на Вардар осигурување?

Агњешка Соларж Једрих од Секторот за односи со инвеститори BRE BankВаршава, Полска
Не ги лажете инвеститорите дури и да треба да им соопштите лоши вести!


FinCity

ХДЗ ги чисти сопствените редови
Директорска метла во најголемите хрватски компании


Регион вести
   


 
Моментално посетители: 29
 Вкупно посетители: 5554547

               
  Пребарај

© 2007 Капитал, сите права се задржани