ball valve replica handbags Timberland Boots PVC Vinyl Floorcovering lacoste polo dresses Coach Sunglasses christian louboutin shoes oem gucci handbags juicy couture outlet Nfl jerseys cheap shoes jordan shoes ffxi gil

| Најава  
        сабота, 31 јули 2010  
   Дома       Маркетинг       Редакција       Анкета   

 
pdf (343KB)
Македонија на CNN
Топ бизнис
Нови бизниси
Земјоделие
Енергетика
Берзи и анализи
Скандал
Важно
Колумна
Светски бизнис
Кариери
Менаџмент
Технологии и бизнис
Мобилна телефонија
Маркетинг

СПЕЦИЈАЛНИ ПРИЛОЗИ
   
Капитал, број 348
 Архива   Најново издание    


     

Митот за Македонија конечно во светот на бизнисот
Веста дека Македонија ќе се рекламира на CNN International, наместо поздравување во јавноста и медиумите стана предмет на “длабоки” анализи и коментари. Продуцентските куќи и рекламните агенции кои беа вклучени во изработката на спотовите велат дека е штета што обидот на Македонија да се престави во убаво светло се користи за напаѓање на актуелната Влада, а на нив не се гледа како можност светот конечно вистински да ја запознае Македонија   

Петре Димитров
petre@kapital.com.mk

Веста дека Македонија ќе се рекламира на CNN, наместо поздравување во јавноста и медиумите стана предмет на “длабоки” анализи и коментари. Секој стана експерт и се обидува да даде одговор на прашањата: Зошто да се рекламираме на CNN, а не на BBC?; Џабе е рекламата, кога ефекти ќе имаме дури следната година. Спотовите се само уште еден предизборен адут на Владата. Спотовите нема да ни ги решат многубројните проблеми во туризмот. Само Американците ли се наша таргет група, што е со Европејците?...

“Бидејќи станува збор за промоција на културните и природните богатства на една земја, тајмингот на пуштатањето на спотовите не е битен, зошто за таква промоција секое време е добро. Тоа не е пиво, па да има сезона. Што е можеби најважно спотовите конечно ќе го разбијат митот за Македонија, дека тоа не е земја каде се војува, туку се плива, се пее, се игра, тоа е земја со убава и богата природа, тоа е земја со култура и традиција..”, вели Иво Лауренчиќ, директор на Идеа плус.

 

“За да дознаеш дали ќе те здоболи ако удриш некој камен, треба најправо да го шутнеш. Така и со нас. Излишни се сите овие дискусии во јавноста за ефектите од спотовите. Не можеме да знаеме дали спотовите ќе донесат некакви ефекти, додека не ги пуштиме во етер и не помине некое време”, вели Бубо Каров од “К-15”.

 

“Музиката за спотовите, која е микс од различни инструменти, поделена во пет различни сегменти е снимена во земјава, а финализирана во Белград. Идејата ни беше на странците да им го доловиме етно-ориенталниот сегмент на Македонија. Во изборот учествуваа повеќе автори, од кои како најдобра варијанта беше избран Драган Даутовски”, вели Дарко Дисовски од “Зона”.

Рани Раад, човекот кој беше директно задолжен за изработката на рекламниот спот на Македонија на CNN вели дека непотребни се дебати за тоа дали ефекти ќе има или не. Самиот факт дека CNN ја гледа бизнис елитата во целиот свет е доволен податок за ефектот од тоа што Македонија ќе се споменнува на овој канал.
“Погледнете ја Црна Гора, каде за само една година емитување посетеноста од странски туристи се зголеми за 40%”. Или Хрватска, за која рекламата оди на CNN веќе втора година. Хрватска има море и природни убавини, но многу помалку луѓе го знаеа тоа пред две години”, вели Раад.

Продуцентските куќи и рекламните агенции кои индиректно беа вклучени во изработката на спотовите, пак, имаат сосема друго видување на целиот чин.

“Секоја промоција на земјата е за добро на сите. Бидејќи станува збор за промоција на културните и природните богатства на една земја, тајмингот на пуштатањето на спотовите не е битен, зошто за таква промоција секое време е добро. Тоа не е пиво, па да има сезона. Што е можеби најважно спотовите конечно ќе го разбијат митот за Македонија, дека тоа не е земја каде се војува, туку се плива, се пее, се игра, тоа е земја со убава и богата природа, тоа е земја со култура и традиција. Исто така светот ќе види каде се наоѓа Македонија...”, вели Иво Лауренчиќ, директор на Идеа плус, кој во својата долгогодишна кариера дванесет години посветил на туристичка и културна промоција на бивша Југославија.

Дел од кадрите во промотивните спотови се користени од филмот на “Идеа плус”, “Еден ден во Македонија”, снимен во 2000 година.

За Бубо Каров од продуценската куќа “К-15”, од каде исто така се користени материјали за спотовите, рекламирањето на Македонија на ваков начин е вистинска работа за да конечно светот слушне и за Македонија.

“За да дознаеш дали ќе те здоболи ако удриш некој камен, треба најправо да го шутнеш. Така и со нас. Излишни се сите овие дискусии во јавноста за ефектите од спотовите. Не можеме да знаеме дали спотовите ќе донесат некакви ефекти, додека не ги пуштиме во етер и не помине некое време. Како и да е на целава работа гледам како на одлична можност за градење на имиџот на земјата во светот”, вели Каров.

Музиката за спотовите е специјално компонирана за таа цел. Направена е по монтирањето на спотот, а е дело на Драган Даутовски. Продукцијата на музиката со сопствени средства ја направи Друштвото за промоција, продукција и маркетинг “Зона”.

“Музиката за спотовите, која е микс од различни инструменти, поделена во пет различни сегменти е снимена во земјава, а финализирана во Белград. Идејата ни беше на странците да им го доловиме етно-ориенталниот сегмент на Македонија. Во изборот учествуваа повеќе автори, од кои како најдобра варијанта беше избран Драган Даутовски”, вели Дарко Дисовски од “Зона”.  

Македонија во шоуто на Лари Кинг
Истржувањата на CNN велат дека спотовите за Македонија ги гледаат околу 120 милиони гледачи од целиот свет. Посебно интересно е што спотовите се прикажуваат во текот на емисијата на еден од најголемите шоумени во светот Лари Кинг. Покрај во овој термин, македонските убавини се прикажуваат уште во четири други емисии на CNN: Бизнис, , Вести од светот, Спорт и Уметноста на животот.
Каква корист имаа другите земји од рекламата на CNN
Хрватска, Црна Гора и Турција се дел од земјите кои имаа спотови на CNN. Хрватска  и Турција  веќе неколку години се промовираат на овој ТВ канал,  и ефектите се видливи.

Црногорците почнаа да се рекламираат на CNN минатото лето, а кампањата траеше до 1 ноември 2005 година.  Потоа беше договорено продолжување на кампањата за наредните 12 месеци. До 1 ноември, спотот бил емитуван преку 300 пати,  и го виделе 17 милиони гледачи.

Отприлика во исто време со Македонија, и во Словенија и Босна и Херцеговина започнаа активностите околу промоциите на овие земји на CNN. Во Босна и Херцеговина имаше и контроверзи околу ова прашање, откако нивниот  министер за трговија и туризам остро се спротивстави на идејата за рекламирање на Босна и Херцеговина на CNN. Тој сметаше дека прво треба законски и  системски да се реши прашањето на туризмот, па потоа да се оди на скапи кампањи. Со исто мислење беа и во Надворешнотрговската комора на Босна и Херцеговина. Инаку, организатор на промоцијата на Босна и Херцеговина на CNN беше државната Агенција за промовирање на странските инвестиции (ФИПА), а кампањата требаше да чини половина милион долари. Првиот човек на ФИПА, Харис Башиќ, на критиките за кампањата, одговори: “за жал, ова е работа што требало да ја прават луѓето кои земаат плата за подобрување на туризмот. Десет години тие говорат за непостоење на стратегија и закони. Е, па редно време беше да почнеме и нешто конкретно да правиме”, изјави Башиќ.  Челниците на ФИПА како претходница на спотот за CNN платија околу 35.000 евра за неколку афирмативни огласи за Босна и Херцеговина во најголемите европски весници.  

Канео, Св. Наум во Охрид, Саат кулата во Битола, Скопската чаршија и Камениот мост во Скопје, Галичник, македонско вино и храна, македонски фолклор... се само дел од кадрите во двата спота за Македонија кои моментално се вртат на американската телевизија CNN. Интересен е моментот што и двата спота почнуваат со географското лоцирање на Македонија на светската карта.

Спотовите за култура и туристичка промоција на Македонија под слоганот “Република Македонија- лулка на културата, земја на природата”, се за промоција на земјата за сите сезони, а ефектите би требало да ги осетиме следната година, велат од Владата.

Спотот на CNN ќе се врти 253 пати во текот на следните три месеци. Целиот проект чини 300.000 евра, а парите се обезбедени од Европската агенција за реконструкција. Спотот во кој се користени материјали од продуценската куќа “К-15” и рекламната агенција “Идеа плус”, беше монтиран во централата на CNN во Лондон. Музиката е на Друштвото за промоција, продукција и маркетинг “Зона”

Словенците одвоија еден милион долари за реклама на CNN
Во Словенија, како и во Босна и Херцеговина, планирано беше промотивниот спот за нивната земја да тргне на CNN оваа пролет. За таа цел Словенците обезбедија еден милион долари, средства од буџетот на нивното Министерство за економија. Преку првата телевизиска акција на глобално ниво, Словенците  сакаат да го промовираат туристичкиот потенцијал во сета негова климатска и географска разноликост (планини, море, термални бањи, шуми, езера и подземни пештери), но и да го зацврстат општиот идентитет, односно “легитимацијата” на државата. Словенија често пати имала проблеми со перцепцијата на останатите во однос на нејзиниот идентитет. Мешањето со Словачка е веќе воспоставена пракса. Пред неколку месеци на популарниот канал Еуроспорт слаломската трка во Крањска Гора, беше сместена на графичката мапа некаде помеѓу Полска и Чешка. Еуроспорт потоа им се извини на Словенците.

Инаку, спотот за CNN го монтираше режисерка од Словенија од материјали што се веќе снимени. Туристичките промотери на земјата велат дека целта на кампањата не е само да продаваат туристички производ, туку да создадат своевиден словенечки бренд кај странската публика во наредните неколку години, период кога ќе се издигне и политичкиот профил на земјата (во првата половина на 2008 Словенија го превзема претседавањаето со ЕУ). Словенците веруваат дека најголемем ефект спотот ќе има со привекување на гости што од Европа и прекуморските земји би доаѓале со авионски линии. Експанзијата на “авионскиот туризам” предизвика бум на ефтини авио-билети на компании како што е EasyJet, што веќе две години редовно летаат од повеќе европски градови за Љубљана.


Слични статии:
   


 
Моментално посетители: 26
 Вкупно посетители: 5464891

               
  Пребарај

© 2007 Капитал, сите права се задржани