ball valve replica handbags Timberland Boots PVC Vinyl Floorcovering lacoste polo dresses Coach Sunglasses christian louboutin shoes oem gucci handbags juicy couture outlet Nfl jerseys cheap shoes jordan shoes ffxi gil

| Најава  
        сабота, 31 јули 2010  
   Дома       Маркетинг       Редакција       Анкета   

 
pdf (343KB)
Stand by
Тема на број
Економија и политика
Бизнис и политика
Проект "ЈУГОСВЕРА"
Интервју
Exclusive
INVESTOR
Компаниите во криза - што сега?
Колумна
Комуникации
Патот до успехот
Приказни од Wall street
Cotrugli business school
Што правите бре?
Технологии и бизнис
Мобилна телефонија

СПЕЦИЈАЛНИ ПРИЛОЗИ
   
Капитал, број 518
 Архива   Најново издание    


     

Агњешка Соларж Једрих од Секторот за односи со инвеститори BRE BankВаршава, Полска
Не ги лажете инвеститорите дури и да треба да им соопштите лоши вести!
  • Како ги развивате односите со инвеститорите во вашата банка?
Се трудиме да бидеме што е можно повеќе проактивни и да изградиме малку поинаква структура на акционери, бидејќи според едно истражување кое го изработивме, дојдовме до заклучок дека во банката имаме повеќе краткорочни од долгорочни инвеститори, од западните земји. Затоа ќе се обидеме да ја промениме нивната структура, а тоа бара дополнителна работа. Ќе мораме да правиме повеќе роуд шоуа и да бараме инвеститори кои за нас ќе бидат интересни. Значи ние ќе ги избираме инвеститорите, а не како досега во банката да влегуваат само инвеститорите кои нас не избираат. Нашата банка е и најлош и најдобар пример во односите со инвеститорите. Во 2004 година бевме рангирани како банка која има најлош однос со своите инвеститори во Полска. После објавувањето на рангирањето, сериозно се зафативме за работа и сега сме меѓу банките кои негуваат најдобри односи со инвеститорите, а наша цел е во иднина ние да ги диктираме промените во Полска во однос на ова прашање. Значи тогаш направивме значителни промени во менаџментот, политиката ја променивме во целост и станавме отворени со инвеститорите. Денес многу полесно можеме да им ја соопштиме лошата вест, наместо да ги лажеме и да ги тапкаме по рамо. Најважно е кон инвеститорот да се однесуваме со доверба, бидејќи само на тој начин можете да ја стекнете и довербата од негова страна. Во изминатиот период интензивно се посветивме кон домашните инвеститори и самите посегнавме кон нив, наместо да ги чекаме тие да се заинтересираат за нас. Потоа решивме двапати годишно на полугодието и на крајот на годината да организираме состаноци со секој инвеститор и фонд-менаџер одделно, бидејќи сфативме дека тие се премногу зафатени да ги читаат нашите податоци на веб страната.
  • Што е специфичното кај една банка во односите со инвеститорите, какви сe информации објавувате и колку често објавувате финансиски податоци и извештаи за работењето?
Извештаите законски мораме да ги објавуваме секој квартал, иако оваа година поради меѓународните закони за односи со инвеститори, почнавме да го објавуваме само шестмесечниот извештај, без притоа да ги објавуваме и резултатите од вториот квартал. Разликата во односите со инвеститори кај банките е тоа што прашањата од страна на инвеститорите се многу различни од една обична компанија, бидејќи работите кои се важни за една банка како што е управувањето со ризикот, можат да бидат маргинални во некоја друга компанија, која на пример произведува чевли. Значи прашањата на инвеститорите со сигурност се разликуваат, но тоа што е одредено законски, тоа секоја компанија има обврска да го каже.
  • Колку за една компанија е важно да гради добри односи со инвеститорите?
Секоја компанија треба да биде свесна дека односите со инвеститорите се многу важен елемент и тие треба да се третираат на доследен начин. Не треба да ги лажеме и да им даваме погрешни податоци. Многу често се случува компаниите наместо сериозно и искрено да разговараат со инвеститорите за тоа какви им се проблемите и да ги даваат вистинските финансиски резултати, да прават политички митинг и да даваат ветувања дека ќе биде подобро, а следниот ден на пример да објавува огромна загуба. Тоа нема да помогне во никој случај, без разлика на кој начин ја водите компанијата. На инвеститорите не им се потребни компании со лажно изграден добар ПР, туку тие сакаат да ги слушнат фактите. Многу е важно на инвеститорите да им се дадат вистинските информации, а не податоците објавени во кварталниот извештај.


Слични статии:

Металуршкиот сектор ничкосан од кризата
Заздравувањето ќе оди бавно

АД Европа се пробива во големите европски трговски синџири
Чоко-бананите на полиците во Лидл и Метро

Лидер
Вагит Алекперов


КХВ ќе ги обелодени незаконитостите на Вардар осигурување?


FinCity

ХДЗ ги чисти сопствените редови
Директорска метла во најголемите хрватски компании


Регион вести
   


 
Моментално посетители: 26
 Вкупно посетители: 5464891

               
  Пребарај

© 2007 Капитал, сите права се задржани