ball valve Timberland Boots PVC Vinyl Floorcovering christian louboutin nfl jerseys gucci handbags juicy couture outlet Nfl jerseys jordan shoes ffxi gil Wholesale NFL Jerseys Cheap NFL Jerseys NFL Football Jerseys NFL Football Jerseys Cheap Nfl Jerseys gucci handbags air jordan shoes Replica Watches ugg boots iPad Video Converter Cheap SB Dunks

| Најава  
        сабота, 11 септември 2010  
   Дома       Маркетинг       Редакција       Анкета   

 
pdf (329KB)
Фото вест
Навигатор
Коментари и анализи
Stand by
Капитал-скандал
Интервју
Стратегија
Капитал истражува
Менаџмент и кариери
Човечки ресурси
Маркетинг
Технологии и бизнис
Корпоративно управување
Расправа
Gadget
Што правите бре?
Мобилна телефонија
INVESTOR
INVESTOR Берзи
INVESTOR Банки и Финансии
INVESTOR Анализи и коментари
INVESTOR Статистика

СПЕЦИЈАЛНИ ПРИЛОЗИ
   
Капитал, број 431
 Архива   Најново издание    


     

Митови за тимската работа
“Љубезните” тимови остваруваат и “љубезни” резултати
Иако тимовите се дел од нашето секојдневие и се покажуваат како добри во решавањето на многуте проблеми, важно е дека не смее да се заборават и поединците. Напредокот и развојот на кариерата, мотивацијата и клучните откритија сe уште носат предзнак – “строго индивидуално”.
Уште од училишните клупи нe учат дека тимската работа е основа на секоја добра организација. Иако во поголемиот број случаи е така, сепак постојат и одредени митови поврзани за тимската работа.

1.Тимот е секогаш добро решение
Тимовите понекогаш се само губење драгоцено време, како за членовите на тимот, така и за менаџерите. Понекогаш е поедноставно да им делегирате задачи на поединците. Истражувањата покажуваат дека работите што се рутински, но и оние што бараат брзи и не ретко драстични реакции, не се погодни за тимска, туку за индивидуална работа.

2. Тимовите секогаш треба да ги донесуваат одлуките со консензус
Џон Каценбах во својата книга „Тимовите на врвот”, вели дека информираните членови на тимот понекогаш треба и може да донесуваат индивдуални одлуки. Тоа заштедува време, но и го чува кредибилитетот на индивидуалните одлуки, внатре во тимовите.

3. Во тимот не постои поимот „Јас”
Задоволството на тимот се гледа пред сe во задоволството на одделни членови од тимот. Индивидуалните членови од тимот мора да знаат дека менаџерот и компанијата се грижат за нивните долгорочни потреби. Во својата статија „Дали супер-ѕвездите може да бидат тимски играчи”?, Бил Фишер и Енди Бојнтон ја опишале работата на т.н. виртуозни тимови, елитни стручни лица кои се соединуваат во специфично амбициозни и стратешки проекти. По своите карактеристики се типични индивидуалисти, со силно его и непослушност кон можните „шефови”, особено оние кои се нарекуваат менаџери на проектот.

4. Со членовите од тимот мора секогаш добро да се сложуват
Еден од популарните митови за тимовите е оној дека сите глави исто размислуваат и совршено се согласуваат. Во пракса многу ретко ќе имате тим каде сите особености се поклопуваат. За тоа е потребно време, толеранција, а за некои и по некој „team building”. Меѓутоа, креативните несложувања може да бидат многу конструктивни. „Повеќе глави повеќе знаат”, вели народот. Совршената слога во тимот може да биде и синдром за т.н. групно размислување, негативна појава на притисок и влијание на групата врз поединецот. Таа појава се јавува главно во блиско поврзаните групи, изолирани од претерани надворешни влијанија, каде поради притисокот, групата помалку размислува, полошо ја проценува реалноста и моралноста при донесувањето одлуки. Како што рекол славниот бродвејски продуцент Макс Либман: „Љубезните тимови остваруваат љубезни резултати”. За жал, “љубезните” резултати не донесуваат иновативни и креативни решенија.

5. Поединците не се одговорни за квалитетот на работата на тимот
Митот дека тимската работа е групна вештина, многу често може да се претвори во т.н. „free-riders”, неспособни индивидуалци кои може да го загрозат резултатот на целиот тим. Теоријата на т.н. друштвено денгубење го објаснува феноменот при што луѓето не работат така напорно во група како што работат индивидуално. Истражувањето околу играта со влечење на јаже во поголемите, помалите групи и на поединците, покажало дека луѓето во малите групи во просек го потегнале јажето со 90% од јачината на индивудалното тегнење. Во поголемите групи јачината на потегнувањето е само околу 50% од јачината на индувидуалните потези. Друштвеното денгубење се случува поради тоа што луѓето во групата не чувствуваат поврзаност меѓу нивните напори и конечниот исход од случувањето, толку директно како што е случај со самостојната работа.

6. Менаџерите и консултантите се одговорни за изведување на „team building”
Како што вели Кристофер Авери, автор на популарната книга „Тимската работа е вештина на поединците: Како да се работи добро кога се дели одговорноста?”, team building се прави и преку  специфични разговори меѓу луѓето кои заеднички ја делат одговорноста за добро завршената работа. Членовите на тимот можат и треба да научат да комуницираат меѓусебно, посебно затоа што менаџерите и консултантите не се секогаш со нив. Значи, она што сте го научиле во заедничката берба на грозје, играњето фудбал, планинарењето и слични тимски активности под водство на инструкторите, треба да знаете да го примените истото и кога нив ги нема.

7. Вештините на членовите од тимот се поважни од нивната мотивираност
Оние кои работеле во тимови знаат дека понекогаш и најстручните членови може да бидат најголем демотивирачки фактор. Тие т.н. „минирачи” на тимската работа знаат многу често да бидат депресивни, нетолерантни и арогантни индивидуалци кои ги потценуваат останатите членови на тимот и непотребно создаваат стресна работна атмосфера. Мотивација, енергија за работа, оптимизам и ентузијазам се движечките сили што го подигнуваат тимот од таквите безнадежни ситуации, му даваат сила и влијаат на него кога ќе завладее заморот, или евентуален грч. Како што вели Авери, стручните членови на тимот ги извршуваат своите задачи, додека мотивираните знаат да импровизираат како би пронашле најдобро решение. Иако тимовите се дел од нашето секојдневие и се покажуваат како добри во решавањето на многуте проблеми, важно е дека не смее да се заборават и поединците. Напредокот и развојот на кариерата, мотивацијата и клучните откритија сe уште носат предзнак – “строго индивидуално”.


Слични статии:

Нови трендови на пазарот на труд
Преку Интернет до работно место
   


 
Моментално посетители: 28
 Вкупно посетители: 5554469

               
  Пребарај

© 2007 Капитал, сите права се задржани